Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Едукативна посета на ученици од ОУ „Григор Прличев“ – Скопје

ДЗС и понатаму ќе продолжи да придонесува за образованието и информираноста на младите генерации, со цел да го поттикне нивниот интерес за статистиката

На 07.05.2025 година, Државниот завод за статистика го посетија ученици од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ – Скопје.

Преку кратка презентација и разговор со вработените во ДЗС, учениците имаа можност да научат повеќе за најобемната статистичка активност – пописот на населението, домаќинствата и становите – зошто се спроведува, како се собираат податоците и каква е нивната улога во планирањето на јавните политики.

Посебен интерес кај учениците предизвика делот посветен на најчестите имиња и презимиња во земјата, при што на интересен и интерактивен начин дознаа кои се некои од најзастапените имиња меѓу населението.

Посетата беше одлична можност младите ученици да се запознаат со работата на ДЗС, да сфатат колку е важна статистиката во секојдневниот живот и да го поттикне интересот за статистиката кај нив уште од најрана возраст.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Посета на директорката на Статистика Шведска на Државниот завод за статистика

На 27.11.2025 година, Државниот завод за статистика (Статистика) беше домаќин на директорката на Статистика Шведска, Ева-Ло Игхе, чија посета претставува значаен момент во унапредувањето на долгогодишната соработка помеѓу двете институции

01 дек. 2025

Амбасадорот на Кралството Шведска во посета на Регионалното одделение за статистика во Битола

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во Регионалното одделение за статистика во Битола се одржа работен состанок помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, и амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Сулстром

21 ноем. 2025