Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем
Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.
Државниот завод за статистика, на 29 септември 2026 година, одржа обука за овластените носители во Националниот статистички систем, како дел од подготовките за претстојната трета рунда на Партнерското оценување.
Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.
На обуката беа презентирани и дискутирани Упатството за обезбедување квалитет на македонската статистика, процесот на Партнерското оценување и Прашалникот за самооценување. Посебен осврт беше направен за улогата и обврските на овластените носители во овој процес, а беа споделени и релевантни искуства од Италијанскиот институт за статистика (ИСТАТ).
Учесниците имаа можност да дискутираат и за практичните аспекти поврзани со пополнувањето на Прашалникот за самооценување, како и за понатамошната координација на активностите во рамките на Националниот статистички систем.
Обуката беше реализирана во рамките на проектот за квалитет, кој е дел од грантот на Евростат во рамките на Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2022, а го спроведува Државниот завод за статистика.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка
Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции
04 окт. 2024
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа
Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
27 септ. 2024