Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
На 12.12.2025 година, директорот на Државниот завод за статистика учествуваше на панел-дискусија организирана од UN Women – Скопје, посветена на зајакнување на националните механизми за родова еднаквост преку политики, ресурси, отчетност и инклузивност.
Во своето излагање, директорот истакна дека унапредувањето на родовата еднаквост бара интегриран и одржлив пристап, заснован на силна правна и стратегиска рамка, соодветни институционални капацитети и јасни механизми за следење на ефектите од политиките. Посебен акцент беше ставен врз улогата на официјалната статистика како независен и веродостоен извор на квалитетни, навремени и родово прикажани податоци.
Беше нагласено дека официјалната статистика овозможува мерење на реалниот напредок преку јасно дефинирани родови индикатори и претставува темел на отчетноста и транспарентноста. Во таа насока, директорот ја потенцира потребата од понатамошно унапредување на родовата статистика преку зајакнување на административните извори на податоци, нивна дигитализација и усогласување со стандардите на Европската Унија.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка
Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции
04 окт. 2024
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа
Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
27 септ. 2024