Новости

Посета на студенти од Меѓународниот балкански универзитет

Презентацијата, подготвена од стручните лица од ДЗС, ги опфати клучните аспекти на процесот на изборот на примероци, прибирањето податоци и нивното уредување

Денес, 22 април 2025 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти и нивната професорка од Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Настанот беше посветен на темата „Избор на примероци и методи за прибирање податоци“, при што студентите имаа можност преку презентација директно да се запознаат со статистичките практики што ги применува Заводот.

Презентацијата, подготвена од стручните лица од ДЗС, ги опфати клучните аспекти на процесот на изборот на примероци, прибирањето податоци и нивното уредување. Вработените го претставија своето искуство преку конкретни истражувања, што придонесе за интересна и продуктивна дискусија со присутните студенти.

Овие средби се од особена важност за унапредување на знаењата и практичните вештини на студентите, како и за продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и Државниот завод за статистика. Заводот останува отворен за вакви иницијативи и во иднина, со цел дополнително поврзување на теоретските знаења со реалната примена во статистичката пракса.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средношколци од Гевгелија во посета на Државниот завод за статистика

Во рамките на своите заложби за подигнување на нивото на статистичка писменост помеѓу младите, денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група ученици од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

15 ноем. 2024