Претставници на Државниот завод за статистика учествуваа на Европската конференција за квалитет во официјалната статистика Q2026
На конференцијата во Шибеник, претставниците на ДЗС ги презентираа искуствата од користењето на Националната платформа за интероперабилност и учествуваа во дискусиите за квалитетот, иновациите и довербата во официјалната статистика
Директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и Билјана Ристевска-Карајовановиќ, раководител на одделение, учествуваа на 12. Европска конференција за квалитет во официјалната статистика (Q2026), која се одржа од 3 до 5 јуни 2026 година во Шибеник, Република Хрватска.
Конференцијата, организирана од Хрватскиот завод за статистика и Евростат, е еден од најзначајните европски настани посветени на квалитетот во официјалната статистика и претставува форум за размена на знаења, искуства и добри практики меѓу претставници на националните статистички институции, академската заедница и меѓународните организации. Под мотото „Official Statistics: Enhancing Trust, Shaping the Future“, конференцијата беше посветена на унапредувањето на довербата во официјалната статистика, новите предизвици поврзани со користењето административни и алтернативни извори на податоци, примената на вештачката интелигенција во статистиката, како и на институционалните рамки за управување со квалитетот во официјалната статистика.
Во рамките на конференцијата, претставниците на Државниот завод за статистика учествуваа и со стручен труд на тема „Интегрирање на податоци: Искуството на ДЗС со Националната платформа за интероперабилност“. Во трудот се презентирани искуствата на Заводот во користењето на Националната платформа за интероперабилност како алатка за поефикасно поврзување и интегрирање на административните податоци, подобрување на квалитетот на статистичките производи и намалување на оптоварувањето на извештајните единици.
Учеството на Државниот завод за статистика на Q2026 претставува значаен придонес кон меѓународната размена на знаења и искуства во областа на официјалната статистика, како и потврда на заложбите на институцијата за примена на современи методологии, иновации и европски стандарди за квалитет во статистичкото производство.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025