Средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд
Се дискутираше за повеќе теми од областа на националните сметки, инфлацијата, популациските и миграциските трендови, деловните и социјалните статистики, како и за идните активности на Заводот во насока на хармонизирање со меѓународните статистички стандарди
На 13.02.2025 година во просториите на Државниот завод за статистика се одржа состанок помеѓу експерти од Државниот завод за статистика и претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од Вашингтон.
Нашата земја е дел од највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на ММФ – СДДС плус, што е потврда за квалитетот на официјалните статистички податоци. ДЗС како координатор на овие активности високо ја цени соработката со ММФ.
На почетокот на состанокот, директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, ги информира претставниците на ММФ за преземените активности во функција на јакнење на статистичкиот систем на земјата. Директорот Станков ја истакна важноста на квалитетните статистички податоци во процесот на креирање развојни политики во државата. Се дискутираше за повеќе теми од областа на националните сметки, инфлацијата, популациските и миграциските трендови, деловните и социјалните статистики, како и за идните активности на Заводот во насока на хармонизирање со меѓународните статистички стандарди.
Соработката со ММФ ќе продолжи и во иднина, сè со цел развивање современ и силен национален статистички систем, усогласен со највисоките меѓународни статистички стандарди.
Поврзани вести и соопштенија
Државниот завод за статистика потпиша нов колективен договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани
Поголеми права и зголемени плати за вработените
31 мар. 2026
Плодна соработка на Државниот завод за статистика со ММФ за развој на официјалната статистика
Разгледани клучни макроекономски индикатори, демографски трендови и активностите во рамки на СДДС плус статистичкиот стандард на ММФ
23 мар. 2026
Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк
Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем
09 мар. 2026
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026