Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди
Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики
Државниот завод за статистика, во соработка со Статистика Шведска, организираше почетен настан за проектот „Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди “.
На настанот се обратија амбасадорката на Кралството Шведска, г-ѓа Ејми Ларсон, директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков и г-ѓа Сесилија Стенбјорн, директор за социјални статистики и анализи во Статистика Шведска кои, во своите излагања, ја истакнаа важноста на ова партнерство меѓу двете институции преку кое се овозможува зголемување на капацитетите на Државниот завод за статистика за производство на статистички податоци кои ги задоволуваат потребите на корисниците како и барањата на ЕУ во процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.
„Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики“, истакна директорот на ДЗС, г. Дејан Станков.
Во продолжение беа претставени 4-компоненти од овој проект: Менаџмент, Статистички методологии, Информатичко-комуникациски технологии и Регистри на податоци.
Преку овие 4 компоненти, во наредните 3 години, вработените во Заводот заедно со експерти од Статистика Шведска ќе работат на развивање и унапредување на сопствените капацитети, подобрување на ефикасното производство на статистички податоци со цел задоволување на потребите на корисниците и успешно справување со предизвиците што ги носи современото живеење.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија
Јакнење на интересот и потенцијалот на младите за економските науки
11 дек. 2025