Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Трета регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители

Конференцијата, која се одржа во Скопје, обедини претставници од институции, меѓународни организации, професионалната заедница и бизнис-секторот, со цел размена на искуства и дискусија за современите предизвици во финансиското известување, дигитализацијата и примената на меѓународните стандарди.

Во рамките на панел-дискусијата посветена на меѓународните стандарди и дигитализацијата на финансиското известување, директорот истакна дека ако системите за финансиско известување се стандардизирани, дигитално структурирани и машински читливи, статистичките институции може да воспостават директни врски со овие извори на податоци. Ова ќе овозможи автоматско преземање грануларни податоци и можност за поголема аналитика,  што води кон намалување на товарот врз извештајните единици и ограничување на потребата од спроведување посебни статистички истражувања. Целта на ваквиот систем е да се применува принципот „еднаш доставени податоци – повеќекратна употреба“.

Деловното сметководство и националните сметки не се концептуално исти: едното работи со микроподатоци и сметководствени принципи, а другото со статистички агрегати и методологија SNA. Сепак, податоците од финансиските извештаи се главен извор при составување на националните сметки и затоа повисок квалитет на сметководствените податоци, усогласени со меѓународните стандарди, води кон обезбедување конзистентни и висококвалитетни статистички податоци.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

08 јул. 2025

Република Северна Македонија станува член на групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика за агендата за одржлив развој 2030 на ОН

Доц. д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, е назначен за член на HLG-PCCB на ОН од јуни 2025 година

30 јун. 2025

Статистичка конфренција „25 години родови статистики"

Конференцијата се одржа во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето на Државниот завод за статистика, со што се нагласи континуираниот придонес на институцијата за развојот на официјалната статистика

04 јун. 2025