Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Амбасадорот на Кралството Шведска во посета на Регионалното одделение за статистика во Битола

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во Регионалното одделение за статистика во Битола се одржа работен состанок помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, и амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Сулстром

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во Регионалното одделение за статистика во Битола се одржа работен состанок помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, и амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Сулстром.

Целта на средбата беше запознавање на амбасадорот со работата на регионалните одделенија и размена на искуства поврзани со соработката помеѓу ДЗС и Статистика Шведска, поддржана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Амбасадорот се запозна одблиску со начинот на функционирање на регионалните одделенија за статистика – нивната улога во прибирањето на податоци, директната комуникација со домаќинствата и деловните субјекти, како и нивното постепено вклучување во производството на статистички податоци.

Во рамките на разговорот се дискутираше и за тековниот билатерален проект со Статистика Шведска кој во моментов се имплементира во ДЗС, со посебен фокус на модерен пристап, методолошко унапредување и дигитализација на статистичките процеси. Директорот Станков истакна дека поддршката од Статистика Шведска, претставува клучен фактор за јакнење на институционалните капацитети кои се неопходни за поддршка на статистичкото производство.

Особено беше нагласена корисноста од досегашната соработка со Статистика Шведска, вклучително и размената на добри практики, взаемното учење и зајакнувањето на професионските вештини. Двете страни ја потенцираа важноста од продолжување на партнерството, со акцент на активности што ќе придонесат за понатамошна модернизација на националниот статистички систем.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Статистичка конфренција „25 години родови статистики"

Конференцијата се одржа во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето на Државниот завод за статистика, со што се нагласи континуираниот придонес на институцијата за развојот на официјалната статистика

04 јун. 2025

Свечена академија „80 години Државен завод за статистика“

Од рачно собрани податоци до современи дигитални платформи, од статистички годишници во хартиена форма до отворени бази на податоци достапни за сите граѓани – патот што го изоде официјалната статистика е навистина импресивен

03 јун. 2025