Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Државниот завод за статистика учествуваше на состанок на Групата за статистичка соработка во Кишинев

Разгледани приоритетите за усогласување со ЕУ и идната статистичка соработка

Делегацијата на Државниот завод за статистика (ДЗС), предводена од директорот д-р Дејан Станков, учествуваше на годишниот состанок на Групата за политика за статистичка соработка (PGSC), што се одржа на 22 и 23 септември во Кишинев, Молдавија, организиран од Евростат, а домаќин беше статистичкиот завод на Молдавија.

На дводневниот состанок учествуваа претставници на Евростат, Европската комисија и националните статистички институти од земјите од проширувањето за да разговараат за стратегиските приоритети и развојот во Европскиот статистички систем (ЕСС).

На состанокот учествуваше и директорката на Евростат, г-ѓа Маријана Коцева, која даде поддршка на дискусиите од дневниот ред. 

Дневниот ред се фокусира на широк спектар теми клучни за понатамошно усогласување на земјите од проширувањето со правото на ЕУ што се однесува на статистиката вклучувајќи ги: развојот и улогата на статистиката во процесот на проширување на ЕУ и во Европскиот статистички систем (ЕСС), напредокот и предизвиците за достапноста, производството и дисеминацијата на статистичките податоци, најновите случувања и националните планови на земјите од проширувањето за усогласување со статистичките барања на ЕУ, приоритетите за земјите од проширувањето за периодот 2028 – 2034 година, најновите искуства од партнерските оценувања, користењето на вештачката интелигенција во статистиката и сл.

Учеството на делегацијата на ДЗС на овој состанок ги потврди силната посветеност на Заводот кон процесот на европска интеграција со усогласување на статистичкиот систем со стандардите на ЕУ и активниот придонес во дијалогот за иднината на статистичката соработка. 
ДЗС ги презентира неодамнешните поважни случувања во Националниот статистички систем, како и приоритетите поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Особено голем интерес предизвика презентацијата на користењето на вештачката интелигенција од страна на ДЗС.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Отворен нов Центар за обука со поддршка од Шведската статистика

Центарот овозможува современи услови за едукација, соработка и професионален развој во статистиката, достапен е за вработените во Заводот, како и за академската заедница, медиумите и други корисници на статистички податоци

10 апр. 2025

Статистичките фискални податоци за брзи државни одлуки

Државниот завод за статистика (ДЗС) беше домаќин на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проф. д-р Марина Трпеска, како претставници на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, кои беа примени од страна на д-р Дејан Станков, директор на ДЗС, на 27.03.2025 г

28 мар. 2025