Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка

Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции

Во Струга денес завршува дводневниот состанок на Групата за политики за статистичка соработка на земјите од Западен Балкан и Турција на која, во присуство на високи претставници на Евростат и на Директоратот за проширување на Европската комисија, се дискутира за предизвиците пред кои се наоѓаат статистичките институции на земјите-кандидати и нивната клучна улога во процесот на преговори за пристапување во Европската Унија.

Претставниците на Евростат ги презентираа најновите измени во Регулативата  223/2009, а една од најважните е онаа која предвидува статистичките институции да имаат пристап до административни извори на податоци и приватни збирки на податоци што овозможува тие да станат побрзи и поефикасни во производството на постоечките статистики, но и во производството на нови, експериментални статистики со што би се одговорило на сè поголемите и посложени потреби на корисниците. Воедно, измените во Регулативата им овозможуваат на статистичките институции да имаат клучна улога во националните рамки за управување со податоци.

На состанокот  се дискутираше и за идната рунда на партнерски оценувања и беше усвоена методологијата по која ќе се спроведуваат партнерските оценувања во земјите кандидати во периодот 2025-2027.

Претставниците на статистичките институции на земјите кандидати за членство во ЕУ ги презентираа своите најдобри практики и искуства и разменија мислења за што поголема и  посеопфатна соработка со цел справување со предизвиците на најефикасен можен начин.  

Домаќинот на состанокот, Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, ја презентираше сегашната состојба на институцијата и плановите за натамошен развој, а исто така ја претстави и и координативната улога што ДЗС ја има во Националниот статистички систем.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

35 години независна Македонија – приказна раскажана низ бројки

По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја подготви публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении

07 септ. 2026

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

16 јун. 2026

Претставници на Државниот завод за статистика учествуваа на Европската конференција за квалитет во официјалната статистика Q2026

На конференцијата во Шибеник, претставниците на ДЗС ги презентираа искуствата од користењето на Националната платформа за интероперабилност и учествуваа во дискусиите за квалитетот, иновациите и довербата во официјалната статистика

05 јун. 2026