Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка
Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции
Во Струга денес завршува дводневниот состанок на Групата за политики за статистичка соработка на земјите од Западен Балкан и Турција на која, во присуство на високи претставници на Евростат и на Директоратот за проширување на Европската комисија, се дискутира за предизвиците пред кои се наоѓаат статистичките институции на земјите-кандидати и нивната клучна улога во процесот на преговори за пристапување во Европската Унија.
Претставниците на Евростат ги презентираа најновите измени во Регулативата 223/2009, а една од најважните е онаа која предвидува статистичките институции да имаат пристап до административни извори на податоци и приватни збирки на податоци што овозможува тие да станат побрзи и поефикасни во производството на постоечките статистики, но и во производството на нови, експериментални статистики со што би се одговорило на сè поголемите и посложени потреби на корисниците. Воедно, измените во Регулативата им овозможуваат на статистичките институции да имаат клучна улога во националните рамки за управување со податоци.
На состанокот се дискутираше и за идната рунда на партнерски оценувања и беше усвоена методологијата по која ќе се спроведуваат партнерските оценувања во земјите кандидати во периодот 2025-2027.
Претставниците на статистичките институции на земјите кандидати за членство во ЕУ ги презентираа своите најдобри практики и искуства и разменија мислења за што поголема и посеопфатна соработка со цел справување со предизвиците на најефикасен можен начин.
Домаќинот на состанокот, Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, ја презентираше сегашната состојба на институцијата и плановите за натамошен развој, а исто така ја претстави и и координативната улога што ДЗС ја има во Националниот статистички систем.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025