Mеѓународна PxWeb конференција
Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска
Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска, а честа да ја отвори Конференцијата ја имаше директорот на Заводот, г. Дејан Станков.
Конференцијата е хибриден настан со учество на повеќе од 130 делегати од различни земји.
PxWeb е популарна алатка за дисеминација на статистика на интернет. Таа е развиена од страна на Статистика Шведска и Статистика Норвешка со поддршка од Финска и Данска. Се користи во повеќе од 40 земји и повеќе од 100 организации. Една од главните силни страни за PxWeb е тоа што е кориснички ориентирана и обезбедува убав и лесен интерфејс за прикажување статистики на интернет.
Државниот завод за статистика е меѓу пионерите во користењето на оваа алатка преку презентирање на табелите во Макстат базата на податоци. Заводот континуирано ги следи и ги применува сите подобрувања и унапредувања на PxWeb и другите Px-алатки со што се овозможува голема достапност на сите статистички податоци што ги произведува Заводот и нивно лесно користење.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025