Состанок со Институтот на сметководители и овластени сметководители
На 18 ноември 2024 година, директорот на ДЗС, г. Дејан Станков, одржа состанок со г-ѓа Весна Прентоска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители
На состанокот беше дискутирано за важноста на квалитетните сметководствени податоци и нивната употреба за статистички цели, беа разгледани повеќе активности за систематско унапредување на системите, а се дискутираше и за воспоставување заемна соработка преку размена на знаења и искуства. Исто така, беа презентирани чекорите кои Државниот завод за статистика ги презема за намалување на товарот на извештајните единици.
На состанокот беше договорено членовите на Институтот да учествуваат на тематски презентации за статистичките истражувања, што понатаму ќе придонесе за соодветно пополнување на статистичките обрасци и подобрување на квалитетот на податоците
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025