Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

Во насока на зголемување на статистичката писменост кај младите и зајакнување на врската меѓу статистиката и науката, на 01.07.2025 година, Државниот завод за статистика во својот Центар за обука организира едукативна обука за учениците што ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на претстојната Меѓународна економска олимпијада.
Презентацијата на тема „Основни економски индикатори со посебен осврт на Џини коефициентот“ ја одржа директорот на ДЗС, доц. д-р Дејан Станков, со цел да им понуди на учениците подлабоко разбирање на:

  • концептот на БДП и БНП и нивното правилно толкување,
  • нееднаквоста во доходите прикажена преку коефициентот на Џини и други релевантни индикатори со осврт на нивните предности и слабости,
  • начини на мерење на релативната сиромаштија,
  • инфлацијата мерена преку индексот на трошоци на животот,
  • основни индикатори за економската активност на населението,
  • видови индекси на временска серија итн.

Оваа активност претставува конкретен придонес на Заводот во поддршката на младите таленти и нивната подготовка за светски научни натпревари, како и во ширењето на статистичката култура во општеството.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средба со Амбасадорот на Република Чешка – потенцирана континуираната соработка помеѓу македонскиот и чешкиот статистички систем

Беше истакнато дека ваквите партнерства претставуваат важна основа за развој на современи, ефикасни и доверливи статистички системи што е од суштинско значење за креирање на квалитетни политики и за транспарентно информирање на јавноста

02 дек. 2025

Посета на директорката на Статистика Шведска на Државниот завод за статистика

На 27.11.2025 година, Државниот завод за статистика (Статистика) беше домаќин на директорката на Статистика Шведска, Ева-Ло Игхе, чија посета претставува значаен момент во унапредувањето на долгогодишната соработка помеѓу двете институции

01 дек. 2025

Амбасадорот на Кралството Шведска во посета на Регионалното одделение за статистика во Битола

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во Регионалното одделение за статистика во Битола се одржа работен состанок помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, и амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Сулстром

21 ноем. 2025