Индекси на прометот во услугите, четврто тримесечје 2024 година
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0.2 % во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на истото тримесечје од претходната година
14 мар. 2025
Внатрешната трговија го следи прометот во трговијата на мало и во трговијата на големо во деловните субјекти (претпријатија, трговски друштва) чија главна дејност е трговија.
Остварен промет е вкупниот промет што го остваруваат деловните субјекти од продажба во секторот Трговија.
Индикаторот за промет во трговијата го мери прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени ) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторот исклучиво служи за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
Индексите на прометот на услуги спаѓаат во групата на главни европски краткорочни економски индикатори и ја проценуваат просечната промена на прометот помеѓу два временски периода. Индексите на прометот на услуги се користат за следење на тековниот економски развој и за краткорочни предвидувања.
Стапка на реалната промена во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли -0.2 % септември 2025 во однос на истиот период претходната година
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0.2 % во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на истото тримесечје од претходната година
14 мар. 2025
Во јануари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 1.7 %
28 фев. 2025
Во декември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 1.1 %
31 јан. 2025
Во ноември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 6.0 %
30 дек. 2024
Во одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, се реализирани 97.2 % од прометот во вкупната трговија на големо во 2023 година
20 дек. 2024
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 1.4 % во третото тримесечје од 2024 година во однос на истото тримесечје од претходната година
13 дек. 2024