Индекси на прометот во услугите, трето тримесечје 2024 година
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 1.4 % во третото тримесечје од 2024 година во однос на истото тримесечје од претходната година
13 дек. 2024
Внатрешната трговија го следи прометот во трговијата на мало и во трговијата на големо во деловните субјекти (претпријатија, трговски друштва) чија главна дејност е трговија.
Остварен промет е вкупниот промет што го остваруваат деловните субјекти од продажба во секторот Трговија.
Индикаторот за промет во трговијата го мери прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени ) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторот исклучиво служи за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
Индексите на прометот на услуги спаѓаат во групата на главни европски краткорочни економски индикатори и ја проценуваат просечната промена на прометот помеѓу два временски периода. Индексите на прометот на услуги се користат за следење на тековниот економски развој и за краткорочни предвидувања.
Стапка на реалната промена во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 1.5 % јануари 2026 во однос на истиот период претходната година
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 1.4 % во третото тримесечје од 2024 година во однос на истото тримесечје од претходната година
13 дек. 2024