Дигитализација на статистичките податоци: Студентите задолжително да го пополнат електронскиот образец ВОИ.20
Нема веќе хартиени обрасци – запишаните студенти на додипломски студии се пријавуваат само електронски
Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на додипломски студии преку новиот електронски образец ВОИ.20. Почнувајќи од академската 2025/2026 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец да го пополнат и да го достават по електронски пат.
За да го пополнат образецот, студентите најпрвин треба да направат регистрација на Националниот портал за е-Услуги (Порталот) uslugi.gov.mk, со дефинирање профил на ниско ниво преку Системот за единствена најава (СЕН) на еден од следните начини:
- Студентот може да се регистрира на Порталот со валидна е-адреса, со што добива профил на основно ниво (без проверен физички идентитет) и тој профил мора да го надгради на ниско ниво во канцелариите на центрите ЕТУ (Една точка за услуги) низ Северна Македонија: https://mdt.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/centri-za-uslugi-etu, како и во подрачните едници на УЈП, со документ за лична идентификација.
- Ако студентот веќе има корисничка сметка од Управата за јавни приходи (УЈП), на Порталот ја избира опцијата за регистрација со постојна корисничка сметка од УЈП „Имате профил на УЈП“ и се најавува со корисничкото име и лозинка од УЈП.
Студентите го пополнуваат образецот на следниот линк: uslugi.gov.mk/Образец ВОИ.20. По успешното пополнување на образецот, системот генерира соодветен документ кој студентите се должни да го достават до студентската служба на својот матичен факултет или висока стручна школа.
Потсетуваме дека навременото и точно пополнување на овие податоци е законска обврска што придонесува за креирање прецизни образовни политики, а за сите дополнителни прашања и технички насоки студентите и институциите може да стапат во контакт со надлежните лица од Државниот завод за статистика.
Поврзани вести и соопштенија
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија
Јакнење на интересот и потенцијалот на младите за економските науки
11 дек. 2025