Дигитализација на статистичките податоци: Студентите задолжително да го пополнат електронскиот образец ВОИ.20
Нема веќе хартиени обрасци – запишаните студенти на додипломски студии се пријавуваат само електронски
Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на додипломски студии преку новиот електронски образец ВОИ.20. Почнувајќи од академската 2025/2026 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец да го пополнат и да го достават по електронски пат.
За да го пополнат образецот, студентите најпрвин треба да креираат корисничка сметка на ниско ниво во Управата за јавни приходи (УЈП) на следниов линк: uslugi.gov.mk/Креирање кориснички профил, а потоа да пристапат до Националниот портал е-Услуги и да го пополнат образецот на следниот линк: uslugi.gov.mk/Образец ВОИ.20. По успешното пополнување на образецот, системот генерира соодветен документ кој студентите се должни да го достават до студентската служба на својот матичен факултет или висока стручна школа.
Потсетуваме дека навременото и точно пополнување на овие податоци е законска обврска што придонесува за креирање прецизни образовни политики, а за сите дополнителни прашања и технички насоки студентите и институциите може да стапат во контакт со надлежните лица од Државниот завод за статистика.
Поврзани вести и соопштенија
Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!
22 окт. 2025
Светскиот ден на статистиката одбележан со меѓународна научна конференција во Будимпешта
Статистиката и науката – партнери за подобра иднина
21 окт. 2025
Потпишан договор за размена на податоци со Агенцијата за вработување
Јакнење на статистичкиот систем преку размена на податоци меѓу клучни институции
17 окт. 2025
Меѓународна конференција за применети економски истражувања на Економскиот факултет при УКИМ
Со новите дигитални решенија и стандарди, статистиката станува клучна алатка за модерно и одговорно управување
03 окт. 2025
ДЗС учествуваше на состанок на Групата за статистичка соработка во Анкара
Разгледани приоритетите за усогласување со ЕУ и идната статистичка соработка
25 септ. 2025