Учество на конференцијата „Проширување на ЕУ – улогата на споредлива и веродостојна официјална статистика“
Веродостојните и споредливи статистики не се само бројки – тие се основа на информирани одлуки, меѓусебна доверба и напредок на патот кон ЕУ
На 11 и 12 септември, делегација од Државниот завод за статистика предводена од директорот, доц.д-р Дејан Станков, учествуваше на конференција од високо ниво „Проширување на ЕУ – улогата на споредлива и веродостојна официјална статистика“, која се одржа во Бургас, Република Бугарија. На конференцијата учествуваа директорката на статистичкиот завод на Европската Унија, г-ѓа Мариана Коцева, како и директорите на статистичките заводи на Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Грција, земјите од проширувањето и претставници на Фондот за население на Обединетите Нации.
Дискусиите се фокусираа на некои од најважните теми за иднината на европската интеграција, вклучувајќи:
- Предизвиците и можностите на проширувањето на ЕУ.
- Зајакнување на комуницирањето на официјалната статистика.
- Искористување на нови извори на податоци за креирање политики засновани на докази.
- Улогата на партнерското оценување (peer review) во обезбедувањето квалитет, независност и доверба.
Веродостојните и споредливи статистики не се само бројки – тие се основа на информирани одлуки, меѓусебна доверба и напредок на патот кон ЕУ.
Конференцијата беше одличен форум за размена на идеи во рамките на меѓународната соработка за зајакнување на Европскиот статистички систем и поддршка на процесот на проширување.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк
Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем
09 мар. 2026
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025