Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада
Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада
Во насока на зголемување на статистичката писменост кај младите и зајакнување на врската меѓу статистиката и науката, на 01.07.2025 година, Државниот завод за статистика во својот Центар за обука организира едукативна обука за учениците што ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на претстојната Меѓународна економска олимпијада.
Презентацијата на тема „Основни економски индикатори со посебен осврт на Џини коефициентот“ ја одржа директорот на ДЗС, доц. д-р Дејан Станков, со цел да им понуди на учениците подлабоко разбирање на:
- концептот на БДП и БНП и нивното правилно толкување,
- нееднаквоста во доходите прикажена преку коефициентот на Џини и други релевантни индикатори со осврт на нивните предности и слабости,
- начини на мерење на релативната сиромаштија,
- инфлацијата мерена преку индексот на трошоци на животот,
- основни индикатори за економската активност на населението,
- видови индекси на временска серија итн.
Оваа активност претставува конкретен придонес на Заводот во поддршката на младите таленти и нивната подготовка за светски научни натпревари, како и во ширењето на статистичката култура во општеството.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Државниот завод за статистика потпиша нов колективен договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани
Поголеми права и зголемени плати за вработените
31 мар. 2026
Плодна соработка на Државниот завод за статистика со ММФ за развој на официјалната статистика
Разгледани клучни макроекономски индикатори, демографски трендови и активностите во рамки на СДДС плус статистичкиот стандард на ММФ
23 мар. 2026
Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк
Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем
09 мар. 2026
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026